МВР: Сопственик на позната сендвичарница ги труел граѓаните

од desk2
66 прегледи

Сопственик на позната сендвичара во Делчево ќе одговара кривично бидејќи пуштил во промет прозиводи кои се штетни по здравјето.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Т.Г. (38) од село Разловци, Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и пуштање во промет на штетни и други прехрамбени продукти”. Пријавениот на 14.11. и 15.11.2017 година во Делчево на улица „ Н.Ј.Вапцаров”, во сендвичара „Кинг”, приготвил и пуштил во промет сендвичи во кои имало присуство на бактерии „Staphliococus koagulaza“ и „Enterobakteriacea“, со што го загрозил здравјето на шест лица коишто на 15.11.2017 година, се јавиле во „Итната медицинска служба” во Делчево од каде поради влошената здравствена состојба биле пренесени во „Клиничка болница” во Штип.“ – велат во МВР