169
Воената влада на Мјанмар ќе ослободи 7.012 затвореници по повод Денот на независноста, објави денес државниот канал МРТВ.
Јужноазиската нација се соочи со меѓународна изолација и западни санкции откако војската ја собори демократски избраната премиерка Аунг Санг Су Чи и постави свој народ да управува со земјата, објави Ројтерс.
„Сакам да им се заблагодарам на некои меѓународни и регионални организации, поединци и земји, кои имаа позитивна соработка со нас, среде притисок, критики и напади. Ние накратко соработуваме со Кина, Индија, Тајланд, Лаос и Бангладеш“, рече шефот на Генералштабот Мин Аунг Хлаинг.