Најмалку 28 лица загинаа во два одвоени напади во Буркина Фасо

од Radmila Tasevska
134 прегледи

Најмалку 28 лица се убиени, меѓу кои војници и цивили, во два напади на вооружени групи во Буркина Фасо, соопшти регионалниот гувернер и армијата.

Армијата објави дека е нападната борбена единица во Фалангуту, на северот на земјата во близина на границата со Нигер и дека загинале 10 војници, двајца борци на доброволните сили и еден цивил, пренесе Ројтерс.

Регионалниот гувернер во посебна изјава наведе дека непосредно по нападот на армијата, непознати вооружени лица запреле две транспортни возила во кои имало осум жени и 16 мажи, а жените и еден маж биле ослободени.

Како што рече гувернерот, телата на заробените мажи биле пронајдени набргу во близина на селото Лингекоро со видливи прострелни рани.

Последната серија напади доаѓа додека Буркина Фасо и соседните Мали и Нигер се борат со вооружените групи поврзани со Ал Каеда и силите на Исламската држава кои зазедоа територии во сушниот и главно рурален север на земјата.

Владата на Буркина Фасо не контролира повеќе од една третина од земјата, а фрустрацијата во војската поради безбедносната ситуација доведе до два државни удари минатата година и зголемена политичка нестабилност.

Слични содржини