Актерката Мишел Трахтенберг, позната по широкиот спектар на ТВ и филмски улоги, вклучувајќи ја и популарната серија „Озборувачка“, почина на 39-годишна возраст, потврдија полициски извори за „Њујорк пост“.
Нејзината смрт не се истражува како сомнителна, велат изворите. Патем, Трахтенбер во последните месеци објавуваше серија загрижувачки фотографии на својот инстаграм-профил, каде има 800.000 следбеници.
На фотографиите таа изгледаше изнемоштено и кревко, што ги натера некои обожаватели да ја коментираат нејзината здравствена состојба и нагло слабеење.
Во јануари минатата година, Трахтенберг одговори на загриженоста на обожавателите велејќи дека е „среќна и здрава“ и дека никогаш немала пластична операција.
Мишел Трахтенберг е родена во Њујорк на 11 октомври 1985 година. Првата заслужна улога на Трахтенберг беше на деветгодишна возраст во класичната серија на Никелодеон од 1990-тите „Авантурите на Пит и Пит“, таа продолжи да глуми во различни детски филмови и серии, а своето филмско деби го имаше во „Шпионот Хариет“ во 1996 година, во кој го играше главниот лик.
Како возрасна, таа се фокусираше кон позрела актерска игра, вклучително и улогата на Доун Самерс, во „Бафи убиец на вампири“, како и манипулативната, пресметлива антагонистка Џорџина Спаркс во „Озборувачка“, која се прикажуваше шест сезони.
ФОТО: Инстаграм