Добитникот на џекпот на лотаријата „Пауербол“ од Калифорнија, кој ги погодил сите шест цифри, тврди дека уште не добил ништо од парите, иако се поминати речиси два и пол месеци од извлекувањето, пишува „Јаху фајненс“.
Човекот, именуван само како „Џери“, го купил добитниот билет во продавница во округот Оринџ на 19 август и освоил неверојатни 44 милиони долари.
„Беше возбудливо, бидејќи не очекувате да ги погодите сите шест цифри. Попрво ќе ве удри гром отколку да го погодите ова“, вели тој.
Статистичките шанси за добивката се 1 спрема речиси триста милиони.
„Процесот на верификација е навистина заморен и долг. Нема да ви кажат „до тој датум ќе ги добиете парите“. Сѐ е отворено, па седам и го чекам повикот“, додава тој.
Добитниците на лотаријата во Калифорнија поминуваат низ ригорозен процес на проверка. Во просек се чека шест до осум недели за исплата.