„Вчера во 23.50 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода К.К.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

Исто така вчера околу 14.00 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Г.М.(46) од Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

На 21.02.2022 околу 11.00 часот на ул.„Страшо Пинџур“ во Велес, полициски службеници од Полициската станица Велес ги лишиле од слобода Д.Ј.(28) и Л.Т.(28), двајцата од Велес, затоа што при контрола кај Л.Т. била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветeн поднесок“, информираат од МВР

Слични содржини