Во Босна и Херцеговина во 2023 година се издадени 2.449 работни дозволи за странци, а најмногу од Турција и Србија, се вели во извештајот што денеска го усвои Советот на министри, на предлог на Министерството за цивилни работи (МЦА ) на Босна и Херцеговина.
Според земјите на потекло, работниците од Непал се на трето место, а потоа следат жителите на Бангладеш и Индија, објави порталот „Кликс“.
Најголем пораст во однос на минатата година е регистриран кај граѓаните на Пакистан.
Споменатиот број на издадени работни дозволи се вклопува во квотата за вработување на странци одобрена од Советот на министри на БиХ.
Од тој број, продолжени се 579 работни дозволи, а издадени се 1.870 работни дозволи за нови вработувања.
Најголем број работни дозволи во 2023 година се издадени во градежништвото (1.368 или 29,8 отсто) и трговијата (622 – 13,6 отсто).
Министерката за цивилни работи на Босна и Херцеговина, Дубравка Бошњак денеска изјави дека овие податоци покажуваат дека на Босна и Херцеговина и треба се повеќе работна сила од странство.