На црква на тетовско Кале поставено знаме на Албанија

Веднаш по пријавувањето на местото е испратена екипа од СВР Тетово,“ информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

од Бети Божиноска
256 прегледи Inside these cylinders lies uranium that was once part of a Soviet nuclear weapon. Today it’s being used in the US as fuel for commercial nuclear reactor

Црковниот одбор при храмот „Свети Атанасиј“ во тетовската полиција пријавиле сквернање на овој верски објект заради тоа што е поставено знаме на Албанија.

Настанот бил пријавен попладнево околу 17 часот и 40 минути во СВР Тетово.

„Пријавено е дека непознати сторители на куполата од црквата „Свети Атанасиј” на тетовското Кале поставиле албанско знаме, а на бандера на влезот во Калето било истакнато знаме на УЧК. Веднаш по пријавувањето на местото е испратена екипа од СВР Тетово,“ информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Од полицијата истакнуваат и дека се преземаат мерки за расчистување на  случајот.