На Факултетот за безбедност во Скопје доделени дипломи за академската 2021/2022 година

од Radmila Tasevska
137 прегледи

Денес на Факултетот за безбедност во Скопје беа доделени дипломи на питомците за академската 2021/2022 година. Обраќајќи се до студентите, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски им порача дека безбедносната сфера е важен и сериозен предизвик за секое општество, а тоа што го стекнале како емпириско знаење, сега ќе треба практично да го применат, додека институциите имаат обврска да излезат во пресрет на младите на нивните амбиции и цели.

– Министерството за внатрешни работи во изминатите неколку години целосно се посвети на интензивно и динамично инкорпорирање на стручните и научни стандарди како нужност без која што не се може. Тоа пак од нас бараше уште поголема отвореност кон нови идеи, нови практики и нови луѓе, додаде министерот Спасовски во своето обраќање.

Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски ” – Битола, проф. д-р Игор Неделковски на студентите им порача дека дипломата што ја добија денеска го означува почетокот на целоживотното учење.

– Знајте дека со дипломирањето и магистрирањето на ваква престижна институција, како што е Факултетот за безбедност, вие се стекнавте со доказ дека знаете да учите, а пред вас е да учите постојано, да се надоградувате и да го примените тоа што го научивте и тоа што ќе го научите во праксата, порача Неделковски.

За најдобар студент на Факултетот за безбедност за учебната 2021/2022 година беше прогласена Анастасија Марковска.

Слични содржини