На градоначалникот на Кавадарци „му се стопи срцето“: Му ги прости смртните закани на пијаниот сограѓанин

од Илинка Илиоска
551 прегледи

Во еден несекојдневен пресврт на настаните, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, демонстрираше неверојатна доза на прошка кога со отворени раце го прифати извинувањето од 35-годишниот граѓанин кој, во момент на очај и понесен од влијанието на алкохолот, му упатил смртни закани.

„Се извинувам многу, имав лошо пијанство во комбинација со лекарствата што ги пијам“, му кажал Никола Прстенов на градоначалникот Митко Јанчев по телефон откако бил пуштен од полицијата по заканите по живот што му ги упатил синоќа влегувајќи во кафеаната каде со пријатели седел Јанчев

Јанчев потоа го поканил граѓанинот на чај и трезвен разговор во удобноста на својот кабинет.

Прстенов плачејќи повторно се извинил, кажал дека тој е невработен, има деца и разни проблеми.

Јанчев истакнал дека го прифаќа извинуваето, но дека заканите не се прифатливи како однесување и дека проблемите се рашеваат низ разговори.

 

Слични содржини