На граница уапсен тетовец, фалсификувал шасија, Пакистанци насилно држеле Авганистанци, кривични за- крадец на струја, ајдук и нарко-дилер

од desk3
126 прегледи

policija

На 03.03.2016 година во 21.25 часот на ГП-Табановце при пасошка контрола било констатирано дека М.Б. (29) од с.Милетино, тетовско, евидира на СТОП листа. Во 22.25 часот лицето е предадено на полициски службеници од ПС-Куманово за понатамошна постапка.

На 03.03.2016 година во 22.30 часот на ГП-Богородица, при детална контрола на ТМВ “Сканија‘‘ и полуприколка марка “Когел“ со словачка национална ознака, управувано од Д.Б. (64) од Р.Грција, било констатирано дека има преправки кај втиснатиот ВИН број на полуприколката, односно дека типската плочка била насилно отстранета. Исто така, биле пронајдени и видливи контури од друг број. Возилото со Потврда за привремено одземени предмети е одземено, а лицето во 22.30 часот е лишено од слобода. Во 01.10 часот грчкиот државјанин е предаден на полициски службеници од ПС-Валандово за задржување и понатамошна постапка.

Залутан куршум, спречен шверц и ограбени мигранти, пронајдена граната, сообраќајки

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Б. (25) од Пакистан и против четири непознати лица од Пакистан поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. Пријавените во напуштена куќа во с.Ваксинце, општина Липково, четири дена насилно држеле две лица од Авганистан. Истите со употреба на физичка сила изнудиле од страна на нивните семејства да им бидат исплатени по 1.500 евра преку Вестерн Унион. По ова сторителите продолжиле да вршат притисок и барале да им бидат доставени дополнителни парични средства, а на 20.02.2016 година со остар предмет им биле нанесени повеќе убодни рани по телото.

ПС Прилеп поднесе кривична пријава против А.С. (24) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. На 01.02.2016 година, пријавениот од страна на шумска полиција е затекнат на патниот правец Царевиќ-Деловодица како со патничко возило „Мерцедес“ превезувал 1,05 метри кубни огревно дрво за кое не поседувал соодветна документација.

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Р. (25) и А.Д. (25), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Од страна на полициски службеници во кафе бар во Ресен бил затекнат У.А. кај кого од извршен преглед е пронајдена 0,10 грама наркотична дрога кокаин. Од преземени мерки утврдено е дека истиот ја набавил од пријавените за износ од 500 денари.

СВР Струмица поднесе кривична пријава О.И. (36) од с.Градско Балдовци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“. На 11.01.201 година при вршење редовна техничка контрола , вработени во ЕВН Македонија констатирале дека истиот презема нерегистрирана количина електрична енергија. Со кражбата на електрична енергија причинета е материјалан штета во износ од 12.762 денари.