На Кејти Пери не ѝ треба Греми: Одам по бројки, математиката е света

од VIktor_P
469 прегледи

На Кејти Пери не ѝ пречи што не е добитник на Греми.

Таа има добиено 13 номинации во текот на нејзината 20-годишна поп кариера, но никогаш не си отиде дома со една од престижните музички награди – златни грамофони.

Сепак, 36-годишната пејачка инсистираше на тоа дека бројките зборуваат сами за себе, откако собра 50 милијарди стримови од нејзините песни и продаде повеќе од 48 милиони плочи, така што не ѝ треба Греми за да го докаже својот успех.

Таа на прашањето дали се грижи за нејзиниот недостаток на Греми, рече:

– Не, јас сум номинирана 13 пати порано.… Да бидам искрена, јас секогаш одам по бројки, а тие не се лага. И јас сум океј со тоа. Секој има свое мислење и тоа е прекрасно, но бројките се бројки. Математиката е света.