На „Ќафасан” спречен обид за шверц на лекови

од Milan1
12 прегледи

-Граничната полиција на преминот „Ќафасан” уапси 31-годишен маж, идентификуван како Фатјон Вешо, кој се обиде да прошверцува од македонска на албанска територија лиценцирана стока, која ја сокрил во возило, информираат од МВР.

Се додава дека при детален преглед на возилото откриени биле пакувања со лекови за чиј увоз е потребна посебна дозвола.

Уапсениот се обидел да ги внесе во Албанија без да ги пријави, спротивно на важечките закони. Приведениот Ф. В.

ќе одговара за сторено кривично дело „Криумчарење лиценцирана стока“, пред Основниот суд од општа надлежност Корча.

Слични содржини