На Куба почнаа да работат повеќе од сто руски компании

од Симе Стоиков
329 прегледи

Повеќе од сто компании почнаа да работат на Куба минатата година, изјави денеска рускиот вицепремиер Дмитриј Чернишенко.

Рускиот вицепремиер оваа информација ја претстави на состанокот на меѓувладината руско-кубанска комисија за трговска, економска и научно-техничка соработка, пренесе Тас.

„Тие 100 руски компании се од различни економски сектори, како што се тешката индустрија, енергетиката, банкарството, земјоделството, информатичката технологија и туризмот“, рече Чернишенко.

Тој посочи дека работата на руските компании во Куба ќе има позитивен ефект врз билатералната трговија во блиска иднина.

Што се однесува до Куба, земја зависна од увоз се најде во голема економска криза, за која Хавана во голема мера ги обвинува американските санкции од ерата на Трамп, насочени кон туризмот, медицинските услуги кои донесуваа странски девизи, според Ројтерс.

Слични содржини