Здравствените работници во Грција кои до март нема да го почнат процесот на вакцинација ќе бидат отпуштени, предупреди денеска министерот за здравство на Грција, Танос Плеврис.
Тој потсети дека од 7 февруари во Грција за вакцинирани ќе се сметаат само оние кои примиле и бустер доза, а оние кои се со две дози ќе се сметаат за невакцинирани.
Грчките здравствени работници неколку пати организираа протести против задолжителната вакцинација во нивната струка.