Вчера во 20.00 часот на подрачје на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.Б.(26) и А.Д.(37), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги”, при што кај А.Д. била пронајдена марихуана.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.