На посиромашните земји им требаат трилион долари годишно до 2030 година поради климатските промени

од Vladimir Zorba
15 прегледи

На посиромашните земји до 2030 година им требаат трилион долари годишно за да се борат со последиците од климатските промени, се вели во студијата објавена денеска од група водечки економисти од организацијата IHLEG.

Резултатите од студијата, која беше претставена во Баку на самитот COP29, сугерираат дека не треба да се чека до 2035 година, кога се очекува богатите земји да се согласат да ги распределат овие средства, пренесe „Гардијан“.

Економистот Николас Стерн, еден од авторите на студијата, вели дека трошоците ќе се зголемат доколку побогатите земји не сакаат да платат, па оваа бројка може да се искачи на 1,3 трилиони долари годишно до 2035 година.

Според него, „апсолутно е можно“ да се постигне целта од еден трилион долари годишно до 2030 година, но тоа бара богатите земји да бидат навистина посветени на тоа и брзо да реагираат.

Додаде дека приватниот сектор може да придонесе за целта со приближно 500.000 долари инвестиции, додека 250.000 може да издвојат мултилатерални развојни банки како Светска банка, а остатокот од потребниот износ со директни грантови од развиените земји, нови даноци и други извори.

„Развиените земји треба да ја прифатат логиката на оваа анализа. Одложувањето не помага“, рекол Стерн.

Финансирањето на сиромашните земји е најголемиот извор на несогласувања на самитот COP29.

Според Парискиот договор за климата од 2015 година, богатите земји имаат обврска кон сиромашниот свет и оваа година мора да излезат со „нова колективна квантифицирана цел“ (NCKG) за да утврдат како ќе ги исполнат своите обврски.

На севкупната атмосфера на самитот влијае и реизборот на Доналд Трамп за претседател на Соединетите Американски Држави, кој за време на кампањата најави дека САД ќе се повлечат од климатските договори, пренесе Ројтерс.

Слични содржини