На познат актер му остануваат уште две години живот: „Не може да јаде и пие“(ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Долф Лунгрен, познат актер и бодибилдер, во емисијата „In Depth“ откри дека има рак на белите дробови, кој му бил дијагностициран пред осум години. Како што рекол актерот, се сомнева дека се разболел поради употреба на стероиди во времето кога се занимавал со бодибилдинг.

Тој додаде дека е во ремисија, но дека ракот се вратил во 2020 година. Побарал второ мислење, а третманот кој го добил резултирал со намалување на туморот.

„Денот по мојата операција, отстранија еден тумор, потоа извадија уште два кои ги најдоа и уште три мали“, рече Долф во болничка наметка.

„Во 2020 година се вратив во Шведска и имав некаков вид на рефлукс, не знаев што е тоа, па направив магнетна резонанца. Открија дека околу областа има уште неколку тумори. Пронајдоа уште еден тумор на црниот дроб“, рече тој.

Туморот пораснал до големина на лимон.

„Прашав уште колку ми остана, мислам дека докторот рече две до три години, но од гласот разбрав дека мислеше дека е помалку. Мислев дека тоа мора да биде тоа“, рече тој.

Поддршка му пружа неговата вереница Ема Крокдал, која е 39 години помлада од него.

„Многу го болеше устата, го болеа рацете и не можеше ништо да јаде. Тоа беше борба, тој слабееше. Сфативме дека е многу полошо отколку што мислевме, почнаа да зборуваат за тумори во белите дробови, желудникот, околу бубрезите“, рече таа.

Во тоа време се шушкаше за криза во нивната врска бидејќи фотографите често ги фотографираа нерасположени, но по ова признание стана јасно која била причината за нивните тажни лица.

Ема неодамна сподели нивна заедничка фотографија и рече: „Ќе кажам уште еднаш, вистинскиот животен суперхерој е токму тука. На екран и надвор од него“.

Лунгрен зад себе има три брака, а долго време се шушкаше за несогласувањето меѓу неговата ќерка и Ема.

Слични содржини