Вчера на социјалните мрежи започнаа гласини дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган имал мозочен удар и дека е примен во болница, а некои дури тврдеа дека тој починал.
Членот на Републиканската народна партија од левичарската ориентација, Ајкут Ердоган, кој е и пратеник во турскиот парламент, тврди дека на апликацијата „Ватсап“ почнале да кружат пораки за здравјето на турскиот претседател и дека тој имал мозочен удар во вторникот вечерта и бил сместен во болница.
Гласините дополнително се разгореа со видео на кое се гледа дека Ердоган тешко оди.
Меѓутоа, портпаролот на Ердоган, Фахретин Алтун, објави видео на Твитер како турскиот претседател без помош излегува од лимузината, а тој ги демантираше наводите од социјалните мрежи.
– Верувајте им на пријателите, плашете се од непријателот – изјавил Алтун во описот на видеото.