На свадба во Хрватска бидермаерот го фати тапанар

од Milan1
34 прегледи

На свадба во Хрватска бидермаерот наместо насобраните девојки, го фатил тапанарот на бендот кој настапувал. Имено, невестата Карла сподели видео на Тик Ток за тоа што се случило на нејзината свадба, каде фрлањето бидермаер не било како што таа замислила.

„Се обложувам дека ова уште не сте го виделе“, пишува покрај видеото на кое се гледа како Карла им фрла бидермаер на насобраните дами на свадбата.

Сепак, таа успеа да го фрли премногу силно и бидермаерот заврши во рацете на тапанарот на бендот од Задар кој настапувал на свадабата.

„Честитки до тапанарот на ‘Темпо“ бендот од Задар за првиот уловен букет“, рече Карла, признавајќи дека бидермаерот бил успешно фрлен по трет или четврти обид.

Видеото од овој необичен фрлање букет многу брзо стана вирално и насмеа многумина.

Слични содржини