Вчера на српските режимски телевизиски станици „ТВ Прва“ и „ТВ Пинк“ беше емитуван документарен филм со наслов Време на теророт, кој ги претставува студентските и граѓанските протести како „терор на агресивно малцинство“.
„Откритијата“ во филмот се всушност сите манипулативни наративи со кои владата се обиде да ја смири кризата по уривањето на настрешницата која усмрти 15 лица во Нови Сад. Главното меѓу нив е дека „надворешните елементи ја координираат ситуацијата и протестите во Србија“ и дека дејствуваат „обидите за обоена револуција“, пишува Нова.рс.
Главните негативци се невладините организации, означени како „симболи на борбата против српските национални и државни интереси“, опозицијата и „групите на притисок“, медиумите „Н1“, „Нова ТВ“ и „Данас.рс“.
Во филмот се наведува и дека „малцинството го спречува мнозинството да полага“, дека студентите биле поддржани од косовскиот премиер Албин Курти, дека целта е „одвојување на северната покраина“ Војводина и на крајот „престанок на стремежот кон слободата и суверенитетот“. Позитивно се зборува за изложбата ЕКСПО, за „брзиот развој“ на Србија и за „човекот кој толку страсно сака да ја зачува земјата“.