Грчкото Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека двајца грчки државјани загинале, а двајца се тешко повредени во инцидент со украински војници во близина на демаркационата линија со проруските сили.
Во соопштението на Министерството се наведува дека тројца украински војници се одговорни за смртта и повредите на четворица Грци во селото Гранитна во близина на линијата за демаркација.
Од друга страна, украинската полиција наведува дека се приведени двајца мажи, а тамошните медиуми пишуваат дека се работи за припадници на воените сили и дека престрелката се случила во кафуле во селото Гранит.
Инцидентот се случил во неделата на 13 февруари околу половина по полноќ. Како што јавуваат украинските медиуми, војниците пукале од службено оружје, а еден маж за кој е утврдено дека е грчки државјанин починал на лице место, а другиот се здобил со повреди во болница.
Според грчките и украинските медиуми, на пукањето и претходела расправија. Грчките медиуми пишуваат дека војниците биле во алкохолизирана состојба, а убиени се таткото на две деца и еден постар маж, кој имал и внуци.
Претставници на грчката заедница во Украина за весникот „Прототема“ изјавиле дека добиле информација дека украинските војници биле пијани, но велат дека се уште не ги знаат сите детали од конфликтот. Се сомнева дека расправијата започнала за користење на тоалети, но таа информација не е потврдена.