На Украинците на возраст меѓу 18 и 60 години им е забрането да ја напуштат земјата

од Nikola Popovski
198 прегледи

Државната гранична служба на Украина информира дека поради воведување на вонредна состојба во Украина, привремено е ограничено заминувањето на одредена категорија граѓани од Украина.

Ова го соопшти Државната гранична служба, пишува „Daililviv.com“.

„Поточно, забрането е на украински државјани на возраст од 18 до 60 години да ја напуштат Украина. Ова е сегашната норма за периодот на вонредна состојба“, се вели во пораката.

Да потсетиме, претседателот на Украина, Владимир Зеленски денеска ги повика сите граѓани на Украина со воено искуство да се пријават како резервисти, за да и помогнат на земјата.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изутрина објави дека Русија започнува „специјализирана воена операција“ во Украина, чија цел е демилитаризација на земјата.