Косовската полиција потврди дека вечерва го уапсила пратеникот и поранешниот лидер на движењето „Самоопределување“ Аљбин Курти.
„Самоопределување“ се огласи со соопштение, во кое наведува дека полицијата го запрела Курти заедно со уште еден пратеник, а со нив биле и двајца активисти на движењето кои се враќале од Скопје. Во соопштението пишува дека Курти е уапсен спротивно на законите и без никаков документ за апсење.
„Самоопределување“ ги повика своите активисти да се соберат кај полициската станица и да протестираат поради апсењето на бившиот лидер на двиќењето. Косовската полиција употреби солзавец за да ги растера припадниците на движењето, кои бараат слобода за пратеникот.
За потсетување во четвртокот за време на седница во косовското Собрание Албин Курти успеа да фрли и солзавец, со цел да ги спречи пратениците од власта да го изгласаат предлог – законот за спречување на конфликт на интереси на јавните функционери. Но, не успеа во тоа, а сега е и приведен во полиција.