Началникот на царината на Украина под истрага бидејќи не пријавил куќа во вредност од над 100.000 долари

од Илинка Илиоска
17 прегледи

Украинските власти го испитуваат директорот на Царинската служба, Серхи Звјагинцев поради сомневање дека не пријавил куќа во близина на Киев, чија вредност се проценува на повеќе од 100.000 долари, соопшти денеска Националното биро за борба против корупцијата.

Истражителите веруваат дека Звјагинцев и неговото семејство се сопственици на куќа од 236 квадратни метри, како и на имот во предградието на Киев, кој е регистриран на неговиот свекор, пренесува „Киев Индипендент“.

Системот на задолжително пријавување на имотот беше воведен како дел од борбата против корупцијата во периодот од 2013 до 2014 година, но беше суспендиран по почетокот на војната во Украина.

Слични содржини