Началникот на Шведската армија: Путин „фрли око“ на шведски остров, сака да доминира на Балтичкото Море

од Milan1
203 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин сака доминација во Балтичкото Море и за тоа му е потребен шведскиот остров Готланд, изјави началникот на Генералштабот на шведските вооружени сили Пер Микаел Бајден.

Тој рече дека Русија е особено заинтересирана за Готланд, најголемиот остров во Шведска, кој се наоѓа на околу 330 километри северно од руската ексклава Калининград и каде е сместена руската балтичка флота и дека е стратешки важен за одбраната на Балтикот.

„Убеден сум дека Путин ги има двете очи во Готланд. Целта на Путин е да ја преземе контролата врз Балтичкото Море. Кој го контролира Готланд го контролира и Балтичкото Море“, изјави шведскиот генерал во интервју за германски „РНД“.

Тој додаде дека ако Русија ја преземе контролата врз островот, тоа може да фи загрози земјите членки на НАТО.

„Ова би значело крај на мирот и стабилноста во нордиските и балтичките региони“, истакна началникот на шведската армија.

Бајден изјави дека поради оваа причина, Шведска го зајакнала своето воено присуство на Готланд, со постојани трупи и дополнителни сили кои можат привремено да бидат распоредени доколку нивото на ризик ескалира.

Шведска официјално се приклучи на НАТО на 7 март, речиси две години откако поднесе барање за приклучување кон алијансата, објаснувајќи го крајот на 200-годишната формална воена неутралност како директен одговор на руската инвазија на Украина.

Министерството за одбрана на Русија вчера предложи да се преиспита државната граница во руските територијални води во Балтичкото Море.

Во нацрт-уредбата од 21 мај објавена на федералниот портал на нацрт-регулаторни правни акти, Министерството предложи прилагодување на границата околу руските острови во источниот дел на Финскиот залив и околу Калининград, јавуваат руските агенции.

Наведено е и дека документот моментално е во фаза на подготовка, пренесува Танјуг.

Слични содржини