Над три илјади луѓе се евакуирани од трговски центри во Москва заради бомбашка закана, јави Тасс повикувајќи се на извор во полицијата.

1124734

Евакуирани се луѓе од сите девет хипермаркети Ашан во рускиот главен град како и од  комплекс во близина на Црвениот плоштад.

– Специјалните служби и полицијата исто така вршат проверка во зградата на претседателската администрација на Русија во центарот на Москва, изјави неименуван полицикси извор

Евакуиран е и трговскиот центар ГУМ, главна туристичка локалција на Црвениот плоштад поради закана од поставена бомба.

На социјалните мрежи објавени се фотографии од евакуацијата на трговскиот центар „Мега Балаја Даша“, источна МОсква. Очевидци тврдат дека евакуирани се и трговските центри „гагарински“ во југозападниот дел од градот како и „Кунцево Плаза“ во западниот дел од Москва.

Се уште нема официјално соопштение за тоа.

Слични содржини