(ВИДЕО) Над 200 илјади Германци протестираа против АфД во Минхен

од Milan1
16 прегледи

Повеќе од 200.000 луѓе учествуваа во денешниот протест во Минхен против екстремната десница, соопшти германската полиција. Две недели пред предвремените парламентарни избори, демонстрантите под мотото „Потребни и сте на демократијата“ се спротивставуваат на каква било соработка со ултрадесничарската Алтернатива за Германија (АфД).

„Бабите против екстремната десница“, движење формирано во 2018 година, денеска повика на демонстрации во неколку германски градови, меѓу кои и Хановер, каде учествувале околу 24.000 луѓе.

Минатата недела во Берлин против ултрадесницата протестираа повеќе од 160.000 луѓе.

Протестите беа иницирани минатата недела откако конзервативниот кандидат (ЦДУ) за канцелар и фаворит во анкетите Фридрих Мерц почна да се приближува до АфД, односно побара поддршка во Парламентот за усвојување на необврзувачки предлог за блокирање на сите странци без документи, вклучително и баратели на азил, на границата.

Слични содржини