Над 80 тони бомби употребени во израелскиот напад врз водачот на Хезболах

од Milan1
27 прегледи

Во израелскиот воздушен напад во кој беше убиен водачот на либаското шиитско движење Хезболах, Хасан Насрала во Бејрут, беа употребени бомби тешки повеќе од 80 тони, објавија израелските медиуми.

Бомбите, вклучително и бомбите „бункер-бастер“ кои можат да навлезат во утврдени структури, биле исфрлени од формација од најмалку десет борбени авиони врз подземниот штаб на Хезболах во јужен Бејрут во петокот, се вели во соопштението.

По нападот расте загриженоста за одмазда или сеопфатна војна на Блискиот исток. Насрала беше убиен во петокот во израелски воздушен напад врз комплекс наводно лоциран под станбени згради во предградието на либанската престолнина Бејрут.

Либанското шиитско движење Хезболах, поддржувано од Иран, е една од најмоќните борбени формации во регионот на Блискиот исток и една од водечките политички групации во самиот Либан со значителен број пратеници во тамошниот парламент.

Слични содржини