Убиството на политикологот  Борис Немцов не предизвикало никакви чувства кај 37% од Русите, објави “Интерфакс”.

20150319.blelzpdxru

Агенцијата се повикува на истражувачкиот центар “Левада центар”.  Тажни во врска со загинувањето на Немцов, според анкетата, биле 26% од граѓаните, збунети  – 17%, лутина и гнев – 8%, вознемиреност и страв – 7%. Одот на истрагата го следат само 42%, други 48% слушнале нешто за тоа, а 10 отсто воопшто не се во тек со работите.

Речиси половина (44%) од испитаниците не веруваат во можноста да се открие извршителот на злосторството, секој трет е на спротивно мислење, 23% се мислат  со одговорот.

Притоа 58% од граѓаните не веруваат во учеството на руските власти при убиството, 15% се убедени во спротивното, 26% не можат да одговорат.

Само 8% од анкетата веруваат дека ќе се разбере вистината за убиството на Немцов, 27% ​​сметаат дека имињата на нарачателите нема да бидат објавени, дури и да бидат утврдени

Слични содржини