Награда од 20 илјади евра за информација за тројниот убиец кај Дечане

од Milan1
556 прегледи

Владата на Косово понуди награда од 20 илјади за оној што ќе помогне во откривањето на сторителот или сторителите на тројното убиство, што се случи во петокот, на 26 ноември, кај селото Глоѓане, во близина на градот Дечане Косово.

Наградата за тој што ќе помогне да се расветли тешкото злосторство, во кое загинаа двајца матуранти и возачот на автобус со средношколци, се распиша денеска, откако надлежните истражни органи потврдија дека се уште немаат конкретни информации кои би воделе кон откривање на виновникот, или виновниците и на мотивите за злосторството.

Веднаш по инцидентот, полицијата распиша потерница по непознат сторител, а засега ја исклучува можноста дека се работи за терористички напад.

Две деца, на возраст од 17 и 18 години, како и возачот на автобусот кој превезувал ученици, се убиени во петокот вечерта во вооружен напад кај селото Глоѓане, во близина на Дечане.

Слични содржини