Колумбискиот главен наркобос Даиро Антонио Усуга, познат по прекарот Отониел, кој беше уапсен вчера, е поврзан со балкански трговци со дрога, пишува весникот „Семана“ .
За Отониел и неговиот клан, преговарањето со балканскиот картел станало приоритет; 60 проценти од кокаинот што стигнувал во Европа е испратен од нив. Додека во САД просечната цена за килограм кока е 11.897 долари, во Европа вредноста се множи и надминува 58.000 долари.
Неодамнешното апсење на црногорецот Армус Иван во Картагена беше удар врз структурата на шверцот на дрога на речиси непознатиот балкански картел, кој е присутен во Колумбија веќе неколку години, но успеа да остане незабележан под превезот на фасадата на успешни инвеститори и претприемачи кои сакаат да се спротивстават на високото општество во градовите како што се Картагена, Баранкила, Меделин, Кали и Богота.
Весникот „Семана“ дознава за разузнавачките извештаи од полицијата, која, соработувајќи со меѓународните агенции во Европа и САД, открила комплексна мрежа на шверц на дрога наменета за Стариот континент. Всушност, во документот се зборува за Армуш Иван како еден од членовите на балканскиот картел, кој очигледно морал да избега од Шпанија во 2018 година, откако бил вмешан во убиство поради расчистување на сметките