Помалку од 1% од богатството создадено од 2000г. година помина во најсиромашните 50% од населението на планетата, открива новото истражување на британската организација “Оксфам”. Ова е уште еден извештај кој покажува проширување на нееднаквоста меѓу богатите и сиромашните во светот.

4607584

Овие  податоци излегуваат во деновите на одржувањето на Меѓународниот економски форум во Давос, на кој од денеска заседаваат највлијателните бизнис лидери и политичари во светот. Податоците на “Оксфам” претставуваат нова перспектива на разгледување на добро познатиот факт дека најбогатата дел од човештвото продолжува да  се збогатува, додека најсиромашната половина живее во понекогаш фрустрирачка сиромаштија. Посиромашните 3,5 милијарди. Луѓе во светот заработуваат во просек околу 1200 долари годишно. Истата група поседува помалку од 1% од светското богатство.

давовс

Најбогатите 62 -ца луѓе во светот поседуваат приближно иста партиција. Со други зборови секој од овие 62 милијардери е богат колку 60 милиони луѓе, резимира британскиот весник “Индипендент”. Друг поглед кон податоците пак ги  разгледува приходите во последните 15 години. Од секој 1 долар создадено богатство,  од најбогатиот 1% од населението на Земјата добил 51 центи, а најсиромашните 50% – помалку од 1 цент. Откритијата на “Оксфам” одговараат на друга социјални нееднаквости – оние во платите во развиениот свет. Во последните 4 децении платата на американските извршни директори се зголемила 11 пати повеќе од онаа на просечниот американски работник. Под услов вредноста на американските компании  да се зголеми 6 пати од 1978. наваму, плаќањето на повеќето вработени реално речиси не се зголемило, покажуваат податоците на невладиниот Институт за економска политика. Ситуацијата е слична во Велика Британија, каде во последната година извршните директори на стоте најголеми компании на лондонската берза добиле просек 180 пати повеќе од своите вработени. Значајно е дека вкупната вредност на самите компании, кои го сочинуваат индексот FTSE100 (познат како “Футси”), во голем дел од последните 15 години реално се  намалува.

Слични содржини