Најголемата санта мраз се насука кај британски остров

од Milan1
32 прегледи

Најголемата санта мраз на светот се насука во близина на британскиот остров Јужна Џорџија, дом на милиони пингвини и фоки.

Саната мраз, која е околу двапати поголем од областа на општината Голем Лондон, сега е заглавена и се очекува да почне да се распаѓа на југозападниот брег на островот, јавува „Би-Би-Си“.

Рибарите стравуваат дека ќе бидат принудени да се борат со огромни парчиња мраз, што може да влијае на пингвините кои се хранат во областа.

Сепак, научниците од Антарктикот проценуваат дека голема количина на хранливи материи се содржани во мразот и дека неговото топење може да предизвика нагло зголемување на планктонот и другите микроорганизми во океанот.

Биологот Марк Белкиер рече дека распаѓањето на мразот може да создаде нови ледени блокови кои ќе претставуваат потенцијална опасност за бродовите и ќе го попречат пристапот до локалните риболовни области, пренесува Спутник.

Научниците очекуваат ледениот брег да остане на своето место додека не почне да се распаѓа.

Слични содржини