Најголемата сончева фарма во светот ќе напојува три милиони домови, се гради во Австралија

од Milan1
30 прегледи

Австралиската влада направи голем чекор кон тоа да стане предводник на полето на обновливите извори на енергија, со одобрување нов индустриско-сончев проект во областа Северна Територија.

Инсталацијата „Австралија – Азија пауер линк“ (Australia – Asia Power Link) што се промовира како „најголемата сончево-енергетска станица во светот“, зафаќа површина од 12.000 хектари и ќе генерира енергија – доволна за напојување три милиони домови. Според австралиската министерка за животна средина, Тања Плиберсек, проектот ќе вклучува сончеви панели, батерии, но и посебен кабел што ќе ги поврзува Австралија и Сингапур со цел извоз на вишокот енергија.

Слични содржини