Најголемите поплави во последните 100 години: 100.000 луѓе евакуирани во Казахстан

од Симе Стоиков
259 прегледи

Властите на Казахстан соопштија дека сегашните поплави се најголеми во последните 80 или повеќе години

Повеќе од 97.000 луѓе досега се евакуирани поради поплавите што го погодија Казахстан, соопшти денеска Министерството за вонредни ситуации.

Портпаролот на министерството изјави дека властите ја следат ситуацијата во рускиот град Орск и нивото на водата на Урал, кој тече низ Орск и Казахстан, а потоа се влева во Каспиското Езеро, пренесува Ројтерс.

Властите на Казахстан соопштија дека сегашните поплави се најголеми во последните 80 и повеќе години, а во некои региони на земјата е прогласена вонредна состојба, јави агенцијата РИА Новости.

Обилниот проток на вода од реката Урал стигна до рускиот град Оренбург каде надмина десет метри, откако градот Орск претходно беше зафатен од поплавата. Во Оренбург поплавени се 2.392 области и 1.910 куќи, а евакуирани се 865 лица.

Во петокот, на 5 април, таму пукна браната што го штитеше Орск од реката Урал. Властите извршија масовна евакуација на жителите од Стариот град.

Слични содржини