Мел Гибсон се враќа на религиозните теми во неговите филмови. Имено, најавено е продолжение на неговата библиска драма „The Passion of the Christ“, која и денес важи за еден од најконтроверзните филмови.
Кога беше објавен во 2004 година, многумина го карактеризираа филмот како антисемитски, а некои тврдеа дека не е верен на Библијата и историските факти. На многумина им пречеше и екстремната бруталност прикажана во филмот.
Според Index, снимањето на продолжението би требало да започне во 2025 година, а филмот ќе се вика „The Passion of the Christ: Resurrection“.
Се чини дека продолжението се подготвува веќе некое време бидејќи Гибсон зборуваше за тоа во едно интервју во 2022 година и објасни што луѓето можат да очекуваат од овој религиозен филм. Сценариото наводно поминало низ повеќе нацрти и ревизии, а еден од сценаристите на оригиналниот филм, Рандал Валас, во април оваа година потврдил дека конечно е завршен.
Џим Кавизел треба да ја повтори улогата на христијанскиот месија, а филмот ќе се занимава со воскресението на Христос и други настани опишани во Библијата, поврзани со овој чин.
Според италијанската новинска агенција „Италпрес“, Мел Гибсон моментално е на Малта и заедно со продуцентскиот тим ги разгледува потенцијалните локации за снимање.
И покрај критиките, филмот „The Passion of the Christ“ заработи нешто повеќе од 600 милиони долари од продажбата на билети за кино.