Најмалку 11 коњи, кои биле на пат кон Шпанија, загинале во сообраќајна несреќа што се случила на автопатот А16, соопштија денеска од префектурата Сом.
Несреќата се случила вчера во текот на денот на автопатот А16 во правец Париз – Булоњ, во близина на Вер-сур-Сеј, јужно од Амиен, јави „БФМ ТВ“.
Станува збор за натпреварувачки животни кои од Велика Британија требало да одат во Шпанија, изјавиле во префектурата.
Пет коњи ја преживеале несреќата и биле пренесени на лекување во ветеринарна клиника, соопшти префектурата Сом.
Поради несреќата сообраќајот извесен период беше во прекин на автопатот А16 и автопатот А29.
Од утрово сообраќајот се одвива нормално, соопштуваат властите, а пренесува Танјуг.