168
Најмалку 12 Палестинци загинаа денеска во израелски ракетен напад врз куќа во Рафах, пренесува Ројтерс.
Најавениот план за голема израелска копнена офанзива во Рафа ги зголеми тензиите меѓу Вашингтон и Тел Авив, откако американскиот претседател Џозеф Бајден изрази противење на планот.
Израел тврди дека таквата офанзива е неопходна за да се победи Хамас.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на група американски членови на Конгресот им рече дека до „победата“ во Газа и „добивањето“ на високото раководство на Хамас во енклавата, израелските сили ги делат само „неколку недели“, пишува Си-ен-ен.