Најмалку 30 загинати во самоубиствен бомбашки напад во џамија (ВИДЕО)

од Milan1
384 прегледи

Најмалку 30 луѓе загинаа кога двајца бомбаши самоубијци се разнесоа во џамија во северозападен Пакистан, соопшти локалната полиција и медицинска служба, додавајќи дека бројот на повредените е голем.

Напаѓачите со сила влегле во комплексот на џамијата во градот Пешавар убивајќи ги полицајците пред да се разнесат во преполната главна сала, изјави полицискиот службеник Харун Рахид.

Најмалку 30 тела и повеќе од 60 повредени се донесени во болницата Лејди Ридинг, најголемата здравствена установа во градот, изјави портпаролот Мохамед Асим.

Бројот на загинати може да се зголеми бидејќи повеќе од десетина од повредените се во критична состојба, рече Асим.

Спасувачи, полицајци и доброволци ги пребаруваат урнатините, изјави претставникот на спасувачките служби Билал Фаизи.

Слични содржини