322
Најмалку 32 лица загинаа, а 53 се повредени во силната експлозија во шиитската џамија во авганистанскиот град Кандахар, за време на петочната молитва, изјави портпаролот на локалната болница.
Иако портпаролот на талибанците во првичната изјава рече во нападот има седум загинати и 15 ранети, Би-Би-Си јави дека има многу повеќе жртви. Снимките што се појавија на социјалните мрежи покажуваат верници како бегаат во паника.
Иако се уште никој не ја презеде одговорноста за нападот, дописник на Би-Би-Си од Авганистан на Твитер напиша дека се очекува Исламска држава наскоро да соопшти дека тоа е дело на нивни бомбаш-самоубиец.