Најмалку 42 лица загинаа во напад на исламисти во Конго

од Milan1
330 прегледи

Најмалку 42 лица загинаа во напад на бунтовници, за кои постои сомневање дека се исламисти, во источната провинција Северен Киву во Демократска Република Конго, соопштија денеска двајца претставници на локалната администрација.

Нападот се случил во средата во селото Мајкенго на територијата Луберо, соопштија официјални лица, а портпаролот на армијата на Конго за регионот го потврди нападот.

Менаџерот на Лубер, Ален Кивева, изјави дека утрово биле пријавени меѓу 20 и 30 жртви и потоа додаде дека очекува таа бројка да се зголеми, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини