Најмалку 48 лица загинаа, а 142 се ранети во израелските напади врз Газа

од Milan1
11 прегледи

Најмалку 48 лица се убиени, а 142 се ранети во израелските напади врз Појасот Газа во последните 24 часа, соопшти денес Министерството за здравство на Газа.

Во соопштението се вели дека голем број жртви се заробени во урнатините во области до кои спасувачите не можеле да стигнат, објави Ал Џезира.

Според министерството, најмалку 52.615 Палестинци се убиени, а 118.752 повредени во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година.

Слични содржини