Најмалку 50 мртви или исчезнати по израелскиот напад во Газа

од Milan1
11 прегледи

Повеќе од 50 Палестинци беа убиени или се водат како исчезнати по израелскиот воздушен напад врз станбена зграда во областа Џабалија ал-Балад на север од Појасот Газа, соопшти денес Цивилната заштита.

Екипите на терен го опишаа местото на настанот како „страшен масакр“, наведувајќи дека четири тела биле извлечени од урнатините на четирикатната зграда, додека шест лица биле спасени, објави „Ал Џезира“.

Сепак, се верува дека повеќе од 50 лица сè уште се заробени под урнатините.

Слични содржини