Најмалку 627 луѓе загинаа во израелските напади врз Иран

од Milan1
7 прегледи

Најмалку 627 лица се убиени во Иран за време на 12-дневниот конфликт со Израел, објавија денес иранските медиуми, повикувајќи се на Министерството за здравство на земјата.

Радиодифузијата на Исламската Република Иран (IRIB) објави дека најмалку 4.870 лица биле повредени во израелските напади во тој период.

Иранското Министерство за здравство соопшти дека 86 проценти од жртвите починале на местото на нападите.

Иранскиот претседател Масуд Пезишкијан го објави крајот на 12-дневната војна против Израел во вторник вечерта, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху прогласи победа.

Слични содржини