Најмалку 64 Палестинци убиени во израелските напади врз Газа

од Milan1
16 прегледи

Најмалку 64 Палестинци се убиени во израелските напади врз Појасот Газа, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата.

Најмалку 48 тела беа транспортирани во индонезиската болница, а уште 16 тела беа префрлени во болницата Насер, по нападите врз предградијата Деир ал-Балах и градот Кан Јунис, јавува АП. Израелската војска не ги коментираше нападите, кои траеја со часови до петок наутро и ги принудија луѓето да избегаат од бегалскиот камп Џабалија и градот Беит Лахија.

Овие напади следеа по слични големи напади, кои траеја неколку дена, а во кои беа убиени повеќе од 130 лица, според Министерството за здравство на Газа, пренесува Танјуг.

Слични содржини