Најмалку 925 цивили се убиени во Украина од почетокот на конфликтот

од Vladimir Zorba
179 прегледи

Најмалку 925 цивили се убиени во Украина од почетокот на конфликтот пред речиси еден месец, соопшти Канцеларијата на ОН за човекови права (OHCHR).

До полноќ на 20 март беа убиени 925 цивили, а 1.496 беа повредени, се вели во соопштението, цитирано од Гардијан.

Вистинскиот број на цивили убиени досега во војната во Украина е веројатно многу поголем бидејќи OHCHR, која има голем тим за набљудување во земјата, сè уште не може да добие или да ги потврди извештаите за жртви од неколку тешко погодени градови. вклучувајќи го и Мариупол.