Неколку ракети денеска го погодија центарот на градот Харков на истокот на Украина, кога најмалку пет лица загинаа, а 13 се повредени, но бројот на жртвите може да биде поголем.
Ракети погодија станбени згради, опожарени се неколку станови, а пожарникарите и станарите се обидуваат да го изгаснат пожарот.
Официјални лица изјавија дека центарот на Харков бил гранатиран од повеќецевни ракетни фрлачи.