Највисокиот облакодер во Кина се заниша, луѓе бегаа во паника (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
471 прегледи

Еден од највисоките кинески облакодери беше евакуиран во вторникот откако почна да се ниша, а луѓето во паника бегаа на сигурно во јужниот град Шенжен.

Облакодерот SEG Plaza, висок скоро триста метри необјасниво започна да се ниша околу 13 часот по локално време и веднаш беше организирана евакуација на луѓето внатре, додека минувачите на околните улици гледаа зачудено.

Зградата е затворена во 14 часот и 40 минути, објавија локалните медиуми.

Завршена во 2000 година, во срцето на еден од најбрзорастечките кинески градови, во кулата се наоѓа еден од главните пазари на електроника и има различни канцеларии.

Агенцијата за управување со вонредни состојби истражува зошто се треселе облакодерите во областа Футијана во Шенжен, се наведува во соопштението на платформата „Веибо“.

„По проверка и анализа на податоците на различните станици за набљудување на земјотресот низ градот, беше заклучено дека денес немало земјотреси во Шенжен“, се вели во соопштението. „Причината за нишањето ја проверуваат различни оддели.

Во моментов не е познато што ќе стори владата со зграда од оваа големина, лоцирана во центарот на градот со 12 милиони жители.

Видеа од минувачи објавени од локалните медиуми на „Веибо“ покажуваат облакодер кој се ниша врз неговите темели додека бегаат стотици преплашени минувачи.

„SEG“ е целосно евакуиран“, напиша еден корисник на „Веибо“ во описот на видеото.

Кулата е именувана според производителот на полупроводници и електроника Shenzhen Electronics Group, чии канцеларии се наоѓаат во таа зграда. Според Советот за високи згради, таа е 18-та највисока кула во Шенжен.

Кинеските власти минатата година забранија изградба на облакодери повисоки од 500 метри.

Уривањето на зградите не е невообичаено во Кина, каде градежните стандарди се слаби, а поради зачудувачката урбанизација, изградбата се одвива набрзина.