Највисок степен на тревога во Русија: Нивото на Урал достигна историски рекорд

од Симе Стоиков
201 прегледи

Водостојот на реката Урал во рускиот град Оренбург достигна историски рекорд од 1.087 сантиметри, изјави гувернерот на регионот Оренбург Денис Паслер на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин за поплавите што го погодија регионот во последните денови.

„Најтешката ситуација е во Оренбург. Водата во реката Урал го достигна највисокото ниво во историјата, 1.087 сантиметри“, рече Паслер.

Според гувернерот, претходниот рекорд бил поставен во 1942 година, кога водата се искачила на 942 сантиметри.

Тој додаде дека во Оренбург и Орск, и покрај тешкотиите, работат сите основни услуги, вклучително и снабдувањето со вода, струја и греење, но со намален капацитет, пренесува ТАСС.

Во регионот Оренбуш поплавени се речиси 12.000 станбени куќи и околу 15.000 куќни парцели, а 7.800 луѓе, меѓу кои и повеќе од 2.100 деца, се евакуирани.

Во регионот е прогласена вонредна состојба, а се очекува во следните 24 часа поплавата да достигне нов рекорд.

Слични содржини